ЛУ Библиотека СТРАШО ПИНЏУР
Библиотеката е отворена секој ден од 08:00ч. до 19:00ч.
Сабота до 13:00ч.
Тел. 043 361 616/617
Email > biblioteka.negotino@yahoo.com
Адреса: ул. „Маршал Тито“ бб, Неготино, Р. Македонија
Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино, е јавна институција од областа на културата – современ јавен сервис кој ги опфаќа сите категории на граѓани од О. Неготино. Библиотеката финкционира со две служби (Стручна и административно помошна) со кои институцијата која постојано се надоградува и ги следи светските развојни трендови и барањата на своите целни групи. Библиотеката покрај основната дејност, реализира многу проекти и настани, како промиции на книги, изложби, литературни натпревари, културни настани како и активности за развој и поттик на креативноста, уметноста, филантропијата и екологијата со што се истакнува и едукативната компонената – дел од современите библиотечни трендови.
Во библиотеката се зачленети 1100 членови. Чланарина трае за секој член индивидуално – една година од моментот на зачленување.
Библиотеката нуди и поволности при зачленување како: бесплатни чланарини за ранливи категории на граѓани, фамилијарни чланарини, достава до дома и други поволности.
Библиотеката располага со активен библиотечен фонд од 70.000 публикации и депониран фонд од 2000 публикации. Библиотечниот фонд се состои од стручна литература, лектири, белетристика, документарна, енциклопедиска, со што се задоволуваат барањата на сите категории на членови.
(Локалната библиотека во Неготино е формирана во 1945 година и се до 1953 година делува како самостојна Градска библиотека. Во 1953 година Библиотеката е интегрирана во Работничкиот
универзитет и во оваа сложена организација останува се до 1969 година, кога се стекнува со статус на самостојна организација за вршење библиотечна дејност.)
Во дисперзираната читалана, која од 2013 година е сместена во ТИЦ „Желкова Куќа“ библиотеката за своите чиататели нуди на располагање дневен и неделен печат, како и стручна литаратура од сите области.
Библиотеката зема активно учество и во државни активности од областа на библиотекарството, меѓународни конференции и проекти.
Библиотеката според годишната програма за работа и стратегијата, реализира сопствени проекти како: Избор на Најчитатели, Еко амбасадори, Најмали креативци, Недовршена приказна и многу други проекти кои библиотеката ја прават активна и блиска како до најмалите читатели така и да најстарите.