Празникот “Св. Трифун“ се празнува на 14 февруари, а за Неготино овој датум има посебно значење. Според народното толкување, Св.Трифун е познат како покровител на меанџискиот еснаф и заштитник на лозјата и винарите. Во Тиквешијата и Повардарието кои се познати по лозовите насади, виното и ракијата, во чест на овој ден се изведува обредно закројување на виновата лоза. На тој начин се верува дека лозјата ќе бидат заштитени од разни штети, болести и несреќи.