Врз основа на општинскиот Статут и одлуката за востановување на општински награди и признанија, а по предходно донесена одлука од Советот на општината, на свечената седница беа доделени наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава беше доделена на Трговското друштво – Фабрика за кабли Зденка од Неготино за остварени резултати во областа на стопанството, додека признанието 8-ми Ноември им беше доделено на д-р Гоце Цилев од Институтот за сточарство при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј ,, – Скопје, на групата Распеани пензионери од Неготино, на Раде Стојановиќ – ракометен репрезентативец на Македонија, на м-р Ангел Ристов – асистент на Правниот факултет – Јустинијан Први, на фирмата Росал – ДС од Д.Дисан, на одделот за техничка соработка на Амбасадата на Австрија во Македонија и постхумно на Никола Бојаџиев – спортски работник од Неготино. Наградите на добитниците им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.