
Винарските визби кои се одзваа на поканата да изложат вина од сортата „Вранец” на присутните им овозможија да дегустираат вино од една од најафтохтоните сорти грозје од ова поднебје вранец – кратошија. Настанот го отвори и пригодно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а за значењето и квалитети на виното „вранец” од стручен аспек обраќање имаше Блаже Петков – енолог во винаријата „Пивка” . Во пријатна и релаксирана атмосфера присутните имаа можност да уживаат во вината „вранец” произведени во неготинските винарии.