
Пресметковната вредност за комплетна реализација на Проектот за реконструкција на околу 3,5 километри од патниот правец Неготино – Курија изнесуваше 18 милиони и 660.000 денари. Притоа, извршено е асфалтирање на коловозот со широчина од 5 метри со изградени банкини на двете страни од патот од по 1 метар, а исто така извршено е и одводнување на коловозот со изградба на неопходните одводни канали. Општина Неготино пак од сопствениот буџет ги обезбеди потребните финансиски средства за набавка и поставување на цевки во одводните канали, со единствена цел на сопствените на земојделски површини да им се овозможи непречен пристап до сопствениот имот. Според зборовите на одговорните во стручните служби на локалната самоуправа, останатиот дел од патот од Неготино до Курија се предвидува исто така да биде комплетно реконструиран, кога за тоа ќе се создадат потребните услови.
