ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ОД НЕГОТИНО ДО ТИМЈАНИК

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ОД НЕГОТИНО ДО ТИМЈАНИК

  Директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков со симболичниот чин на сечење на лента во употреба го предадоа комплетно реконструираниот патен правец од Неготино до Тимјаник – проект реализиран во рамките на наспорите за подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на општината. Потребните средства во висина од околу 5 милиони денари се обезбедија од Агенцијата за државни патишта и од општинскиот буџет.  

 При изведувањето на градежните работи извршено е проширување на патот на површина од 650 м2 и заедно со постоечките поставен е нов асфалтен слој на површина од 1.800 м2, односно асфалт е поставен во должина од 1,3 километри од патот Неготино – Тимјаник. Поставени се и бетонски рабници во должина од 86о  метри, а се планира и уредување на тротоарите на овој патен правец. Предходно, со средства во висина од 1.500.000 денари од Буџетот на општина Неготино се изврши асфалтирање на една улица во самата населба Тимјаник со поставување нов асфалтен слој на површина од 2.000 м2, односно реализирано е асфалтирање на улицата до должина од 440 метри.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.