Во присуство на месното население, на пригоден начин во употреба беше предаден новоизградениот мост во селото Долни Дисан чие профункционирање овозможува полесен проток на луѓе и возила и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Изградбата на проектот се одвиваше во неколу фази и опфати изведување на земјени зафати, бетонски работи и поставување на платформата и вградување на ограда. За реализација на овој проект кој се спроведе по барање на жителите на Долни Дисан, од Буџетот на општина Неготино се издвоија 600.000 денари, а изградбата на мостот заврши за две недели. Свечениот чин на предавање во употреба на новоизградениот мост го извршија заменик –претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.