Општина Неготино продолжи со континуирано спроведување проекти преку чија реализација на младите генерации им се создаваат услови за нивен правилен психофизички развој преку создавање услови за спортување и рекреирање и отргнување од опасностите кои демнеат од присуството на мноогубројните пороци на денешнината. Така, на просторот помеѓу ул. Фемо Кулаков и Марксова беше поставен камен темелник и започнаа работите за изградба на нов забавен парк во нашиот град. Вредноста на проектот изнесува 2 милиони денари кои се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а работоте ќе ги изведува Градба-промет. Според зборовите на градоначалникот Пане Трајков, во состав на градскиот рекреативен парк ќе има игралиште за кошарка, игралиште за мали деца и песочник, поставување на урбана опрема, клупи за седење и канти за отпадоци, пешачки патеки со бехатон коцки, како и засадување на површини со трева, садници од липа и див костен.