ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА САЛА ВО ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,,

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА САЛА ВО ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,,

  Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба на ја предода новата училишна спортска сала во склоп на ООУ ,, Страшо Пинџур ,, која е дел од проектот на Владата за изградба на 180 спортски сали во Македонија, а за нејзината изградба се издвоени 24 милиони денари. ,, Спортот и часот по физичко образование значат здравје и насочување кон други вредности, наместо кон пороците на деншното време. Спортот значи учење од мали нозе да се победува, да се претрпи пораз и подготовка за следниот натпревар, со еден збор спортот ги учи младите да се борат во животот, да учествуваат во колективни игри и да победат ,, – рече Премиерот Груевски пред многубројните граѓани кои присуствуваа на свечениот чин.


Министерот за образование и наука Кралев истакна дека преку имплементацијата на овој проект младите се поттикнуваат да се занимаваат со спорт со што ќе се стимулира не само нивниот правилен раст и развој, туку и подобрена концентрација, натпреварувачки дух и амбициозност. Тој додаде дека новата сала овозможува услови за практикување на сите групни спортови, а создадени се и услови за реализирање на квалитетна настава по физичко воспитување на над 760 ученици од училиштето. Градоначалникот Трајков потенцираше дека е горд што после долги години сите 3 образовни установи во Неготино- средното и двете основни училишта располагаат со сопствени спортски сали – најсовремени, модерно опремени и функционални во секој поглед.

 

 

       


Leave a Reply

Your email address will not be published.