Традиционален турнир во улична кошарка “Street Ball 2012”

Традиционален турнир во улична кошарка  “Street Ball 2012”

 Со цел за поттикнување на граѓаните на општината за нивно активно учество во спортски активности и рекреација, како дел од програмата за јавни дејности, општина Неготино и оваа година на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2012”. На турнирот ќе земат учество екипи од Неготино, Кавадарци, Велес и други општини, кои ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка конкуренција до 18 години, машка конкуренција над 18 години и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 21, 22 и 23 август (вторник, среда и четврток), започнува со свеченото отварање на 21 август (вторник) со почеток од 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на истиот – градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков.
Пријавувањето на екипите се врши на телефоните 071/261-341, 076/960-606 и 077/679-559, најоцна до 21 август до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди вредни награди.


Leave a Reply

Your email address will not be published.