Со одлука на Советот на општина Неготино за дадениот посебен придонес во афирмацијата на општина Неготино во сверата на културата актерот Диме Илиев е прогласен за почесен граѓанин на Неготино, а наградата – клуч од градот му беше врачена на свечената седница на општинскиот Совет. Како што е наведено во образложението, истакнатиот драмски, телевизиски и филмски актер Илиев е роден во Неготино во 1952 каде завршува основно и средно образование, а во 1975 година дипломира на Факултетот за фрамски уметници во Скопје каде е и професионално ангажиран во Нционалната установа Драмски театар. Во својата долга и многу успешна кариера има одиграно повеќе од 90 премиерни улоги, мошне успешни креации има и на телевизијата како медиум, а на радиото има остварено улоги во над 200 радиодрами. На целокупната јавност и стана познат по извонредната креација во филмот ,, Исправи се Делфина ,, а значајни остварувања има и во многу други филмови. За својата долгогодишна работа добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата ,, Ристо Шишков,, Најпопуларно ТВ лице за 1979 година, Најдобар млад актер во 1976 година и Наградата за главна улога на ТВ Фестивалот ,, Порторож ,, во 1976 година.