Новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска оствари работна средба со досегашниот градоначалник Пане Трајков на која беше извршено примопредавање на градоначалничката функција со што Апостолов и по добиеното решение од ОИК официјално стана прв човек на општина Неготино. Низ кафе муаебет и во релаксирана атмосфера, поранешниот и актуелниот градоначалник разменија мислења за актуелни состојби од функционирањето на локалната самоуправа, проектите кои се реализираат и кои ќе се реализираат во наредниот период, кадровската екипираност и програмите за работа на Одделенијата при локалната самоуправа, односно за сите оние моменти кои се во тесна врска со функционирањето на градоначалникот и општината.По завршувањето на работната средба, Ванчо Апостолов и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја извршува во наредниот четирогодишен период.