Работници на градежното претпријатие Урбан инвест интензивно се ангажирани на изведување на градежни активности во централното подрачје на Војшанци со што овој простор во селото добива сосема нов и урбанизиран лик. Во моментов се работи на поставување на тротоарите на овој простор, а паралелно течат и останатите активности предвидени со планот за работа. Меѓу другото, во Војшанци ќе бидат асфалтирани и неколку улички во центарот, ќе бидат изградени пешачки патеки со бехатон коцки, а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. За реализација на целокупниот проект од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени средства во висина од 4,5 милиони денари.