Во рамките на проектот,,Општинско корисна работа –промовирање на одржливи вработувања 3,, а во рамките на проектот на општина Неготино ,,Грижата за децата од предучилишна возраст–врвен приоритет за руралната средина,, деновиве се одржаа 7 едукативно советодавни интерактивни работилници со родителите на децата во 7 рурални средини на општина Неготино каде што и функционираат игралните.
Темата на првата работилница од ваков вид беше со наслов,,Родителството и развитокот на детето,,.Притоа воспитувачите во асистенција на нивните помошнички, а во присуство на бројни заинтересирани родители беа воведени во тајните на доброто воспитување, како да се биде добар родител, како да се учи и да се унапредува родителството.Истовремено родителите беа запознати со шесте основни родителски вештини , а беа споделени и позитивните и негативните искуства за тоа кога се препознаваат како добар пример за децата, кога биле добри учители, кога биле добри другари , а кога не.
Целта на оваа работилница беше постигната преку покажаниот интерес и присуството на родителите,како и преку желбата да следуваат и други вакви работилници во овие средини, кои се од голема важност за севкупниот развој на децата и на нивните семејства, бидејќи родителството е најубавата , но воедно и најодговораната должност на човекот.
Инаку до крајот на месец ноември 2014 година , планирано е покрај редовните секојдневни активности со децата во овие средини да бидат реализирани уште две едукативно-советодавни работилници со родители.