Конзулатот на Република Унгарија во Македонија достави информативен материјал до општините од Република Македонија со цел истите да бидат достапни и проследени во јавноста.
Информативниот материјал се однесува на Програмата за Школарина на Унгарската Влада за Академската 2015-2016 година која објавува повик за стипендирање и поддршка на заинтересирани лица за Магистерски студии на 3 Универзитети во Унгарија кои ќе се спроведуваат на Англиски јазик во следниве области:
1.Животинска исхрана и безбедност на храната
2.Заштита на рaстенијата
3.Рурален развој и агробизнис
Подетално околу условите на повикот и начинот на аплицирање можете да се запознаете преку достапните документи на веб страната на општина Неготино
www.negotino.gov.mk
-Опис на Програмата за школарина
-Е-маил процедура за аплицирање