Со големо задоволство што остварува средба со дечињата кои се иднината на неготинскиот фудбал, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет ги прими и се задржа во краток разговор со младите фудбалери на ГФК „Неготино“ од генерациите 2004, 2005 и 2006 година, од кои засега најдобри резултати имаат постигнато децата од генерацијата 2006 година. Информирајќи го градоначалникот за постигнатите успеси во првите 4 месеци од годинава, тренерот Зоран Недев го истакна првото место на турнирот во Лерин-Грција, второто место на меѓународниот турнир во Златибор-Србија на кој неготинските фудбалери беа подобро пласирани од своите врсници од гигантот Партизан од Белград, петтото место на турнирот во Прешов-Словачка, како и убедлови освоеното прво место без пораз во Детската фудбалска лига на Македонија-централен регион и освоеното трето место во оваа лига на ниво на Република Мкедонија. Градоначалникот Апостолов јавно на сите дечиња им честиташе на постигнатите успеси посакувајќи им продолжување на истите и во иднина, за што и досега и во иднина ја имале и ќе ја имаат неговата и подршката на општина Неготино, им посака да се оформат во фудбалери со знаења кои ќе придонесат за афирмација на неготинскиот фудбал, односно дека токму тие со својот талент и постигнати резултати се иднината на неготинскиот фудбал.