Во Неготино ќе се гради еден двоен тениски терен

Во Неготино ќе се гради еден двоен тениски терен

   Покрај земјените тениски терени лоцирани во комплексот на Спортско рекреативниот центар „Младост“, нашиот град ќе добие и тениски терени со тврда подлога. Имено, деновиве градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потпишаа договор за изградбата на двоен тениски терен во Неготино. Со овој договор Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи се задолжува да инвестира во изградбата на еден двоен тениски терен во општина Неготино на улица „Ленинова“ во населбата Саат-кула, а со истиот договор е утврден и начинот и условите за изградбата на двојниот тениски терен и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување.  Двојниот тениски терен ќе се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата Саат-кула и во непосредна близина на реконструираниот забавен парк, со што граѓаните на Неготино од повеќе генерации ќе добијат уште еден спортско-забавен комплекс каде што ќе можат во релаксирана атмосфера да минуваат дел од слободното време.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published.