Синоќа (08.11.) заврши осмиот традиционален турнир во табла “Неготино 2016”, кој беше организиран во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа 64 учесници, кои од 6 до 8 ноември одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Драган Доневски единствениот таблаџија на кој по вторпат му појде од рака да го освои овој масовен турнир. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 7.000 денари, додека поразениот во финалето и вицешампион на турнирот Филип Давидовиќ доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Зоран Недев кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 3.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници, беа доделени и благодарници за учество турнирот на најстарите двајца учесници.