Во моментов на терен се изведуваат градежни активности во рамките од втората фаза од реконструкцијата на делницата од патниот правец Г.Дисан- Вешје, откако предходно беше спроведена првата фаза со асфалтирање на 800 метри од овој патен правец. Инаку, втората фаза во која се рекенструираат и ќе се асфалтираат 400 метри од овој пат се реализира преку проектот за преку гранична соработка Неготино-Алмопија „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во преку гранична област“ со вредност на проектот од 130.000 евра. Досега е извршено геодетско одбележување на трасата, истата е расчистена, изведени се земјени работи и набавка и вградување на камен со изработка на подобрена постелка, набивање на под тлото и ископ на канавки. Во наредниот период следува тампонирање и асфалтирање на новите 400 метри од патот Горни Дисан-Вешје.