
На турнирот учество зедоа преку 40 млади борачи во конкуренциите машки – пионери и кадети и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Вардар” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, и “7ми Мај-Леов” од Прилеп.
Борачите на БК “Неготино” остварија забележителни резултати во неколку категории, односно:
1. Борачи родени 2000/01 (кадети)
Категорија: 69 кг. Андон Марковски – прво место
Категорија: 100 кг. Андреј Христов – прво место
2. Борачи родени 2002 и 2003 (деца) во следните категории:
Категорија: 47 кг. Петар Алтанџиев – прво место
Категорија: 59 кг. Васко Христов – второ место
3.Борачи родени 2004, 2005 и помали
Категорија: 32 кг. Алек Ѓорѓиев – прво место
Роберт Велков – трето место
Категорија: 38 кг. Роберт Стеванов – трето место
Далибор Василев – трето место
Категорија: 66 кг. Горан Додев – прво место
4.Борачи (женска конкуренција) родени 2005 и помали
Категорија: 40 кг. Стефани Николова – прво место
На турнирот беа доделени и посебни признанија за:
– Најдобар млад борач беше прогласен Ристе Ставрев од екипата на “Бучим” од Радовиш
– Најдобар техничар е Стефан Стојановски од “7ми Мај-Леов” од Прилеп и
– Најдобар борач на турнирот Алек Ѓорѓиев од домашната екипа на БК “Неготино” од Неготино
На најуспешните учесници на турнирот им беа доделени дипломи, пехари и медаљи.
