Во рамките на проектот ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води” на Министерството за транспорт и врски кои се дирекно финансирање преку ЕИБ од општина Неготино подготвена е и поднесена е апликација за: Проект за уредување на дел од инфраструктура во индустриска зона УЗ8–водовод и канализација во тек на 2016 г.Истата е одобрена во Брисел во Европска Инвестициона Банка .Проектирана вредност е 20.840.000,00 МКД , додека крајната вредност на проектот ќе се утврди по спроведување на тендерскaта постапка која е во тек и објавена од страна на МТВ. Предмет на проектот e: Изградба на комунална инфраструктура (АБ канал, краци на улица 3 и 4 на водовод, атмосферска и фекална канализација во Урбана Заедница 8 блок 1, ( индустриска област) општина Неготино. Општина Неготино работи на обезбедување на Изјави – Согласност од засегнатите страни за Изведување на градежни работи предвидени со проектот во Урбанистичка зона УЗ8. По изборот на најповолниот изведувач и конечната вредност ќе се отпочне со градежните работи за што општина Неготино ќе обебеди и надзор за изведбата на истите.