
1. Првенство (сениорско) во кое настапува клубот;
2. Младинска школа (број на категории кои работат во истата);
3. Масовност (вкупен број на членови во клубот)
На клубовите кои собираат средства по основ на членарина од своите членови, при извшеното бодување им беа одземени соодветен број на бодови, што влијаеше за намалување на одобрените средства на истите во висина на износот кој го собираат по основ на членарина. На овој начин по еден подолг временски период спортските клубови од Општина Неготино добија средства за сопствено егзистирање и непречена работа, преку правична распределба на планираните средства во буџетот на годишно ниво. Воспоставената практика ќе продолжи да се спроведува и во иднина, со напомена дека Градоначалникот и Советот на општината во наредните години ќе направат напори за обезбедување на повеќе средства за оваа намена, со што спорските кулубови ќе добијат поголема поддршка за раеализација на планирание активности.