Работници на изведувачот на работите градежната фирма „Изолација“ од Скопје, по налог на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и согласно Програмата за работа за тековнава година, интензивно работат на санирање на ударните дупки на улиците со поставување на нов слој асфалт. Активностите започнаа на главната улица Маршал Тито и во населбата Антигона на потегот од излезот кон Кавадарци и истите преку санирање на ударните дупки на најфреквентната улица во Неготино се движат кон централното градско подрачје. Со тековните работи планирано е со средства од Буџетот на општина Неготино да се санираат оштетувањата на улиците Маршал Тито, Антигона, Ленинова и Гоце Делчев, а ќе се продолжи и на други улици, со единствена цел да се обезбедат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, како за возачите, така и за пешаците. Парелелно со санирањето на ударните дупки со поставување асфалт, под надзор на стручните служби во локалната самоуправа, се врши и санирање на постоечките решетки и шахти на споменатите улици.