
Сите погребувања од некрополата Мали Дол, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот. Генерално кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група…..
Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која со особено задоволство Ви ја најавувам на 17 октомври 2018 година во 13.00 ч. во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино. На изложбата ќе бидат претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.