Турнирот во табла “Неготино Опен” ќе биде организиран по десети јубилеен пат

Турнирот во табла “Неготино Опен” ќе биде организиран по десети јубилеен пат

  Во рамките на празнувањето на Денот на градот – 8ми Ноември, Општина Неготино по десети јубилеен пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2018”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во кафе барот “Стефани” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (вторник) во 17.00 часот кога ќе биде одиграно и првото коло од истиот.

 

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published.