Се информира јавноста од општината дека утре (среда) 14.11.2018 година со почеток од 11,00 часот во големата сала на општината градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе одржи прес-конференција на која се поканети, ќе ја проследат и од истата ќе информираат локални, регионални и државни медиуми. Пресот ќе биде на тема „ЕДНА ГОДИНА ОТВОРЕНА ОПШТИНА“ и на истата градоначалникот Делков ќе ги информира присутните и пошироката јавност за остварените проекти и активности наа општина Неготино за периодот од 1 година од неговото стапување на функцијата градоначалник на општина Неготино.