Општина Неготино повторно во функција го стави системот кој на граѓаните им овозможува по електронски пат во секое време од денот, 7 дена во неделата, преку општинската веб-страница да пријавуваат комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат или во најкраток можен рок барателот на информацијата да го запознаат до каде е решавањето на пријавениот проблем. Секој граѓанин од листата на проблеми во менито на системот (објавено подолу) може да го одбере својот проблем и во пријавата да ја наведе точната адреса или да ја опише локацијата на која треба да се врши интервенција, а треба да остави и контакт за стручните служби при општина Неготино да можат да одговорат на пријавата и да информираат за истата. Граѓаните преку оваа форма можат да пријавуваат проблеми со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони на рушење, урбана опрема, градба и дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.
Граѓаните можат да пријавуваат проблем до општината по електронски пат
