Во Курија се одржа “Етно вешта жена 2019”.

Во Курија се одржа “Етно вешта жена 2019”.

   Неготинското село Курија денеска беше домаќин на манифестацијата од републички карактер “Етно вешта жена 2019”, настан кој имаше и хуманитарен карактер. Имено над 1.000 учеснички од 20 градови од нашата држава имаа можност да се претстават со специјалитети од храна изложени на штандовите, претставувајќи ја на тој начин традиционалната македонска кујна. Сите изложени специјалитети од храна се продаваа и секој од многубројните присутни учеснички и заинтересирани граѓани кои го следеа настанот имаа можност да купат од истите, а сите собрани финансиски средства се наменети за потребите на локалната црква “Свети Ѓорѓи” во Курија. Настанот помина во ведра и релаксирана атмосфера преку неколку часовно заедничко другарување, а организаторите изразија благодарност до општина Неготино за гостопримливост и поддршката за одржувањето на оваа манифестација.

 
 
 
 
           

Leave a Reply

Your email address will not be published.