Деновиве во просториите на ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ во Неготино во рамките на спроведувањето на регионалниот проект за социјални права на ранливите групи-ГИС и општина Неготино се одржа дводневна обука за вработените воспитувачи,стручни лица-соработници. На обуката беа поканети и активно учество зедоа претставници од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино, а обуката беше на тема „Работа со деца со пречки во развојот во градинките на територијата на општина Неготино“. Едукатори на обуката беа примариус доктор специјалист педијатар Иван Двојаков и дефектологот Даниела Саздова.