Во подрачното училиште во Д.Дисан се одвиваат повеќе градежни активности

Во подрачното училиште во Д.Дисан се одвиваат повеќе  градежни активности

   Во ова училиште кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“ од нашиот град, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности. За прв пат, со донација од амбасадата на Јапонија, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите. Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.

 

   


Leave a Reply

Your email address will not be published.