
Во изминатиот период за времетраењето на летниот распуст во ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино беа реализирани повеќе активности и зафати, како на училишната зграда, така и во училишниот двор. Меѓу другото, според зборовите на директорот Петар Мантев, со бекатон коцки на влезот во училиштето изградена е пешачка патека и скали на површина од околу 120 метри квадратни од страна на улицата „ЈНА“ со што се создадени услови за зголемена безбедноста на учениците при нивното доаѓање на настава. Паралелно, извршена е изградба и на паркинг-простор на предната страна на училиштето на површина од околу 100 метри квадратни со што просторот за паркирање е зголемен за нови 7 возила, со што пак се елиминира можноста за влегување со возила на влезот каде што влегуваат учениците, кои и во овој случај ќе бидат побезбедни. Мантев информираше дека финишираат и во секој момент се очекува да завршат градежните работи за уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Д.Дисан.