За потребите на граѓаните, но пред се на туристите во нашиот град, со цел подобрена достапност на локалните институции, винарии, угостителски објекти, сместувачките капацитети, археолошки локалитети и сите други знаменитости и услуги кои ги нуди општина Неготино, обезбедивме така наречена Info – Touch постојка. Оваа Info – Touch постојка работи врз принцип на специјална андроид апликација изработена исклучуво за општина Неготино. За многу краток временски период во употреба ќе биде пуштена и андроид апликацијата за широка употреба на сите смарт телефони Постојката се наоѓа во дворот на општинската зграда и од денес е достапна за сите граѓани да можат слободно да ја користат.