По повод празникот се одржа одбојкарски турнир во женска конкуренција

По повод празникот се одржа одбојкарски турнир  во женска конкуренција

   Како дел од богатата програма која што општина Неготино ја организира по повод празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино – 8ми Ноември, во Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ беше организиран одбојкарски турнир (женска конкуренција) помеѓу спортските училишни клубови на средни училишта од Неготино, Кавадарци, Валандово и Прилеп. Полуфиналните и финалниот натпревара беа одиграни денес во спортската сала на  СОУ “Св.Кирил и Методиј”, а благодарниците за учество на екипите им ги додели секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ.

 
 
 
 
 
   

Leave a Reply

Your email address will not be published.