Настанот вклучува исцртување на графити (мурали) на градскиот кеј во Неготино. Поделен е на два дела – професионален и аматерски. За професионалниот дел оваа година се погрижија уметниците од Hybrid Minds Crew од Битола, а за аматерскиот дел учество земаа двете основни училшта од Неготино, основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Демир Капија, СОУ „Кирил и Методиј“ од Неготино, а најмалите учесници на овој настан беа дечињата од градинката „Фемо Кулаков“. Целиот настан е организиран од Здружението на граѓани СПО – КУЛ од Неготино.