Тодор Пасев го фати чесниот крст во Неготино

Тодор Пасев го фати чесниот крст во Неготино

Илјадници православни христијани од нашата општина по повод празникот Богојавление – Водици присуствуваа и го следеа фрлањето на ритуалниот крст во водите на реката Вардар од Пепелишкиот мост. Годинава од 13 пријавени учесници во МПЦ Св. Атанасиј крстот го фати Тодор Пасев од градот Русе – Бугарија кој, како што самиот кажа, веќе 22 години по ред на разни локации се обидува да го фати крстот. Пасев направи еден гест кој не изненади сите и крстот го подари на општина Неготино врачувајќи ми го мене со желби за здравје и среќа на сите верници од општината. На подарок од општина Неготино доби телевизор, од МПЦ доби Библија, а од компанијата Зегин таблет. Ја користам оваа можност на сите граѓани на општина Неготино да им ги честитам празниците со желби истите да ги поминат во пријатно расположение. БОГ СЕ ЈАВИ!
 
 
 
 
           

Leave a Reply

Your email address will not be published.