Во рамките на програмата за одбележување на „Св.Трифун“ во преполната сала на општина Неготино се одржа информативен настан за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 во организација на општина Неготино и Подрачната единица на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието од Неготино. Пред заинтересираните земјоделци беа презентирани содржини на 2 теми-поддршка на млади земјоделци мерка 113 преку Програмата за рурален развој и ИПАРД 2 мерка инвестиции во основни средства за земјоделско стопанство. Предавачи беа Ѓоко Данаилов и Александар Стојанов од подрачната единица на АПРЗ-Неготино, а паралелно беше поставена и изложба на стручна литература од земјоделскиот сектор во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино.