Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета во Владата на Република Северна Македонија каде што заедно со сите градоначаници од 80 општини во државата со Министерството за транспорт и врски го потпишаа Меморандумот за разбирање во процесот на имплементација на „ Проектот за поврзување на локални патишта “. Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра, со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 км во сите 80 општини. Со проектот, во наредниот период во општина Неготино ќе бидат изградени и санирани нови локални патишта и улици.