Советот на општина Неготино, по препорака на Општинскиот штаб за заштита и спасување денес донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар.
Во четврток право да изложат свои производи на продажба ќе имаат пазарџиите од неготинската општина.
2 m Пазарџиите и купувачите задолжително да носат заштитни маски и да држат растојание.
Општина Неготино и ОВР Неготино ќе имаат засилени контроли за почитување на препораките за заштита од Корона вирусот.