Градежни активности на втората делница на патен правец Криволак – Пепелиште


 Денес  започна асфалтирањето на втората делница од локалниот пат Криволак – Пепелиште во должина од 4 километри. Интензивно се работи на асфалтирање на вториот дел односно од мостот кај Армискиот полигон „ Криволак “ до регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на селото Пепелиште. Според очекувањата на градоначалникот Тони Делков оваа втора фаза би требало да биде завршена до почетокот на наредната недела, со што комплетно би биле реконструирани предвидените 6 км од овој патен правец. Со комплетната реконструкција според Делков ќе се исправи грешката, а воедно и ќе се исполни ветеното спрема граѓаните од овие населени места како и Армискиот полигон Криволак.
 

   


Leave a Reply

Your email address will not be published.