
Општинската установа Музеј на град Неготино секоја година учествува во одбележувањето на европските денови на културно наследство, па така и оваа година учествува со отварање на меѓународна ликовна изложба на ликовната уметница од Сараево, БиХ, Александра Кокотовиќ. Кокотовиќ пред неготинската публика се претставува со графички цртежи и маслени слики на платно претставени и изложени во Лапидариумот во музејот на отворено. Александра Кокотовиќ е современа уметница која својот талент го изразува преку сликарството, скулптура, цртежи и графика. Родена во Сараево, живее во Белгра, Дубаи, САД и живото на три континенти ја проширува нејзината перцепција и влијае на нејзиниот пристап кон уметноста. Член е на здружението на ликовни уметници на Србија и Босна и Херцеговина.


