Во тек се градежни активности за изградба на улица во село Криволак во должина од 250 метри. Со изградбата предвидено е да се реши долгогодишниот проблем и да се подобри квалитетот на живеење на жителите од село Криволак.
Изведувач на работите е фирмата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО од Кавадарци, а за надзор е избрана фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ Скопје. Рок на извршување на градежните работи е 60 денови.