Во тек е поставување на нова подземна електрична инсталација за улично осветлување во должина од околку 360 метри на дел од улица „ Коста Волкановски “ и дел од улица „ Владо Арсов Шпанац“ . Ќе бидат поставени 11 нови лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови кои ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во градот. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино.