ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино денес го слави својот патронен празник. По тој повод , денес градоначалникот Тони Делков, претседателот на Советот Диме Витанов и секретарот на општината Ивица Златковиќ положија свежо цвеќе на спомен бистата поставена во училиштето. Градоначалникот Тони Делков на сите ученици и наставен кадар им го честиташе денешниот патронен празник со желби за многу успех во понатамошното образование, а воедно им посака и успешно продолжување на учебната година која поради состојбата со Корона вирусот во овие моменти се одвива онлјан. Нека е честит патрониот празник на ООУ „ Страшо Пинџур “ .