Комплетно е изготвена техничка документација и ревизија за изградба на јужна и северозападна обиколница во општина Неготино


   Овој проект општина Неготино го реализира во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион. Станува збор за 3 делници од јужна обиколница ( ул. Новопроектирана 1, 2 и 3 со сите потребни детали) со вкупна должина од 3400 метри. Делот пак Северозападна обиколница е во должина од 3800 метри со приклучни патишта до постоечка сообраќајна мрежа во должина од околу 2500 метри.  Продолжуваме со реализација на бројни проекти кои се во интерес за граѓаните на општина Неготино. 


 


Leave a Reply

Your email address will not be published.