Во тек се градежни активности за санација на коловозот на четири краци од улица „ Маршал Тито “ во град Неготино. Со санацијата предвидено е да се заменат оштетените делови со нов асфалтен слој, крпење на ударни дупки и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. За фирма – изведувач избрана е ОСД ДООЕЛ – Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ – Скопје.