Музејот на град Неготино учесник во меѓународен проект одобрен од ЕУ


   “THE MELTING POT” – е насловот на меѓународниот проект одобрен од Европската унија во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ КА2 кој ќе трае 15 месеци. Општинската установа Музеј На Град Неготино е еден од партнерите во овој проект за претопување на културата со младите, а носител на проектот е НАПОР-
Национална
Асоцијација
Практичара
Омладинског
Рада од Нови Сад, Р.Србија.
Во овој проект вклучени се по 2 (две) организации – за млади и култура од 3 (три) држави: Р.Хрватска, Р.Србија и Р.С Македонија.а од Македонија претставници се Сојуз за младинска работа и Општинска установа Музеј на град Неготино.
Првиот состанок на партнерите (во живо) се одржа овој месец  во Нови Сад а домаќин беше Галеријата на Матица Српска. Во наредниот период од 15 месеци ќе се одржуваат состаноци и во Загреб, Скопје и Неготино. Преубаво е чувството дека неготинскиот Музеј беше дел од ваков меѓународен проект и тоа во преубавиот град Нови Сад со преубава дружба со млади во Галеријата на Матица српска.


 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published.