Денес нема поголемо задоволство и среќа за мене, но и за сите граѓани на општина Неготино што после 39 години добиваме нова детска градинка, нов современ објект по сите стандарди и нормативи за згрижување и воспитување на најмладите и најмилите, нашите деца.
Детската градинка го носи новото име „ Темјанушка “ која ќе згрижи вкупно 167 дечиња распоредени во 9 групи:
2 јасли групи и
7 групи за дечиња од 2 до 6 години.
Сигурен сум дека со ова решение како локална власт, заедно со централната и ресорното министерство ја постигнавме вистинската цел – грижа за сите, грижа за најмладите.
Посакувам успешна работа, многу генерации на среќни и задоволни дечиња.
Нека ни е честита и со среќа.