Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино


Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино кои со возила и екипи учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Република Северна Македонија.
Паричните награди им се доделуваат заради нивното вонредно ангажирање во гаснењето на пожарите, односно заради нивната огромна пожртвуваност да им помогнат на сите граѓани чии места беа зафатени од огнените стихии.


Leave a Reply

Your email address will not be published.