Одговорните во Општинската пописна комисија велат дека се е подготвено да почне и да се одржи Пописот, како и оти не очекуваат никакви проблеми при неговото спроведување..Подготвителните активности за Пописот на населението, домаќинствата и становите се целосно завршени и се е подготвено за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција, што по речиси 20 години ќе се спроведе од 5-ти до 30-ти септември, годинава. Инаку, општина Неготино е во состав на пописниот реон 10 заедно со општина Д.Капија, а за потребите за спроведување на Пописот беа тестирани и избрани вкупно 52 попишувачи. Тие поминаа и соодветна обука за успешно спроведување на Пописот и при посетата на домовите, согласно здравствените протоколи, ќе носат соодветна заштитна опрема. Одговорните потенцираат дека во интерес на сите е да се добијат целосно точни статистички податоци за бројот на населенито и стопанството во општина Неготино кои ќе бидат од голема помош при креирањето на идните социјално-економски политики во нашата општина.