Во официјална работна посета на општина Неготино престојуваа претставници на Боречката федерација на Македонија предводени од претседателот Дејан Богданов, селекторот Бобан Данев, екс-селекторот и директор на федерацијата Трајче Димков и претставниците од БК Неготино Јане Мелов и Горан Алтанџиев. На средбата разговаравме за можностите за поддршка и унапредување на борењето во нашата општина, како еден од најстарите и најтрофејни спортови во Неготино. И во оваа прилика ја искажав мојата и подготвеноста на локалната самоуправа за поддршка на спортот и спортистите во рамките на финансиските можности, а од страна на гостите добив книга за БК Балканец од Штип. Претставниците на федерацијата за потребите на Боречкиот клуб Неготино донираа комплетен душек за борење и реквизити за тренинзи.

